Тимот на Вардар утре го стартува вториот дел од сезоната со натпреварот против Војводина во СЕХА лигата.
Војводина не е некој атрактивен противник, но голманот Борко Ристовски очекува еден тежок дуел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не чека еден не толку атрактивен и привлечен за јавноста, но за нас е многу важен затоа што сакаме да го започнеме овој втор дел со победа без разлика со кого ќе играме. Со оглед на корона ситуацијата и отсуството репрезентативците кои играат на СП ќе бидеме некомплетни се до еден ден пред натпреварот. Од повеќе аспекти мораме да бидеме претпазливи, нашиот пристап мора да биде максимален 100%, како што кажавме сакаме да започнеме со победа. Ќе се обидеме во овој втор дел од сезоната кој за нас ќе биде пеколно тежок да освоиме што е можно повеќе бодови, ако во Лигата на шампионите, така и во СЕХА лигата“, изјави Борко.