Дома Фудбал Лига на шампиони Битка за Суперкупот: Аталанта сака да ги изненади Реал и Мбапе!

Битка за Суперкупот: Аталанта сака да ги изненади Реал и Мбапе!

Вечерва од 21:00 часот на „Националниот стадион“ во Варшава во битката за трофејот во Суперкупот силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овој натпревар се очекува и дебито на Килијан Мбапе во кралскиот дрес, додека Реал ќе се обиде да испише нов рекод.

Шпанскиот тим во минатата сезона стигна до 15-тата титула во Лигата на шампионитео откако во финалето ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0.

Аталанта до натпреварот за овој трофеј стигна со триумфот над Баер Леверкузен од 3:0. Аталанта првпат ќе игра во европскиот суперкуп, па така таа е 41. тим кој добил прилика да игра во овој натпревар. За Реал од друга страна ова ќе биде деветти пат да се бори за трофејот.

Во редовите на Аталанта ќе бидат ослабени бидејќи нема да може да сметаат на Скамака, Скалвини и Компајнерс. Кај Реал пак ќе го нема Камвинга кој се повреди на вчерашниот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…