Турскиот гигант Бешикташ го отпушти талентираниот 21-годишниот Емирхан Делибаш и тоа поради апсурдна причина.
Имено, до прекин на соработката дошло откако во клубот дознале дека фудбалерот имал профил на апликацијата за запознавање луѓе „Тиндер“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ја прекинавме соработката со фудбалерот Емирхан Делибаш. Ова беше заедничка одлука и му посакуваме многу успеси во иднина“, стои во соопштението на клубот.
Интересно е тоа што Емирхан на социјалната мрежа се опишал себе си како 24-годишник, а според информациите е роден во 2003 година, односно има 21 година.
Младиот фудбалер неколку часа пред да добие отказ се огласи на својот профил на Инстаграм и порача дека некој му направил лажен профил на „Тиндер“.
🚨🇹🇷 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | Beşiktaş have terminated the contract of Emirhan Delibaş (21) because he has a profile on a dating application. 📱👋 pic.twitter.com/ANHIPLjdEq
— EuroFoot (@eurofootcom) February 19, 2024