Дома Трансфер зона Беше пред трансфер во Јувентус, на крајот се сели во Вест Хем

Беше пред трансфер во Јувентус, на крајот се сели во Вест Хем

Долго време Јувентус преговараше и беше блиску да го доведе Жан Клер Тодбио, а на крајот таквата ситуација изгледа ќе ја искористи Вест Хем.

Клубот од Премиер лигата одлучи брзо да реагира и со Ница се договори околу трансферите.
„Чеканите“ наводно прифатиле да платат 40 милиони евра и го договориле процентот од неговата следна продажба. Токму процент бил најголема пречка во преговорите со Јувентус.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Јувентус така останува без уште едно посакувано име во одбраната бидејќи претходно Калифиори место во Торино заврши во Арсенал.

Тодибо е фудбалер кој во 2019 година од Тулуз се пресели во Барселона, но откако не доби вистинска шанса во Каталонија настапуваше за Шалке и Бенфика, Ница го откупи неговиот договор во 2021 година за 8.5 милиони евра.

Враќањето во Франција за него беше вистински потег бидејќи одново почна да прикажува настапи на највисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…