Mиралем Пјаниќ подолго време се поврзува со Барселона, меѓутоа „Гардијан“ сега пишува дека има опција босанскиот репрезентативец да заврши во Челзи во размена со „сините“.
Реномираниот „Градијан“ пишува дека преговорите помеѓу лондонскиот тим и „старата дама“ веќе започнале и наводно се разговарало за размена Жоргињо – Пјаниќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа опција би можела да биде помалку од онаа со Барселона. И во таа ситуација се споменуваше размена, меѓутоа Артур подоцна изјави дека нема намера да го напушти „Ноу Камп“.
Поради тоа се отворила можност за започнување преговори со Челзи и сега оние со Барселона се запрени. Сари со Жоргињо соработуваше во Челзи и добро ги знае неговите квалитети и сака да го види во Торино.
Juventus are ready to include Miralem Pjanic into a swap deal on next summer.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 14, 2020
Talks started with Chelsea for Jorginho – Sarri would like to have him back. Barcelona (Arthur doesn’t want to leave) and PSG are also in contact with Juve to make their offers. ?? #transfers #Pjanic
Според информациите и во Челзи се заинтересирани за ваков вид на зделка.
Новинарот Фабрицио Романо додава и дека Јувентус е во контакт и со ПСЖ, спремни се да ја сослушаат и нивната понуда.