Дома Фудбал Барселона има посебен план за Агуеро

Барселона има посебен план за Агуеро

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро следната недела ќе се приклучи на подготовките на Барселона со која потпиша двегодишен договор.

Агуеро по 10 години си замина од Манчестер сити, кој не му понуди нов договор, но набрзо пристигна повик од Барселона, кој не можеше да го одбие.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Аргентинецот беше промовиран во новиот тим, а потоа замина со репрезентацијата на Копа Америка и успеа да го освои трофејот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона направила посебен план за Агуеро, кој ќе има различни тренинзи од останатите и тоа го воодушевило напаѓачот.

Агуеро е свесен дека мора да биде во добра форма пред почетокот на првенството затоа што сака да игра во првиот тим, а јасно е дека и Роналд Куман очекува од него да ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рубен Аморим пред преземање на нов клуб!

Само седум недели откако доби отказ во Манчестер Јунајтед, португалскиот тренер Рубен Амор…