Дома Трансфер зона Барселона договори големо засилување за следната сезона

Барселона договори големо засилување за следната сезона

Шпанскиот фудбалер Ерик Гарсија одлучи на крајот од сезоната да го напушти Манчестер Сити.

Овој 20-годишен фудбалер има договор до крајот на сезоната и ја одби можноста да ја продолжи соработката со Граѓаните.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гарсија веќе донесе одлука да го напушти Етихад кога ќе му истече договорот, а веќе е јасно дека кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.

Шпанецот е дете на Барселона, а уште како тинејџер потпиша за Манчестер Сити каде најпрвин играше за јуниорската екипа.

Угледниот новинар Фабрицио Романо денеска објави дека Барселона и Гарсија постигнале договор и тој како слободен играч ќе пристигне на Камп Ноу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ван Дајк е уверен дека Ливерпул излезе од кризата: Кој тоа не го гледа, има проблем

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, е задоволен од најновите игри на тимот и се надева…