Дома Топ вести Барселона блиску до првото зимско засилување

Барселона блиску до првото зимско засилување

Барселона и Манчестер Сити се во напредни преговори за трансфер на Феран Торес, пренесуваат каталонските медиуми.

Чави силно го посакува шпанскиот репрезентативец во јануари, бидејќи сака да го засили нападот, а и самиот играч сака да се врати во Шпанија.

Во моментов разликата помеѓѕ двата клуба е 15 милиони евра бидејќи Барселона нуди 45 милиони, додека Сити за слободата бара 60 милиони. Но, се верува дека „граѓаните“ ќе го пуштат Феран Торес бидејќи не сакаат незадоволни фудбалери.

Каталонците преговараат за трансфер во јануари, со задолжителен откуп на крајот на сезоната.

Се шпекулира дека директорот на Барселона, Матео Алемани сигурно ќе се ослободи од Кутињо, Умтити и Ленгле, па на тој начин би обезбедил пари за Торес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oдличен натпревар за Елмас и убедлива победа на Наполи 🎥

Наполи ја оправда фаворитската улога против Салернитана и славеше победа со 4:1 на домашен…