Дома Топ вести Барса испрати нова понуда за Олмо

Барса испрати нова понуда за Олмо

Барселона не се откажува од намерата да го доведе Дани Олмо во своите редови и испрарти нова понуда за шпанскиот репрезентативец.

Лајпциг ја одби првата понуда на Каталонците и порача дека нема намера да го пушти Олмо за помалку од 60 милиони евра.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Откупната клаузула на Олмо истече, но тој има џентлменски договор со Лајпциг да биде прифатен трансфер за сумата која беше во откупната клаузула, односно 60 милиони евра.

Новата понуда на Барселона изнесува 50 милиони евра плус бонуси, со кои трансферот може да достигне до 60 милиони евра.

Се чека одговор од германскиот клуб, а самиот Олмо притиска за трансфер во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…