
Во Барселона владее бес кон францускиот судија Клеман Турпин, по елиминацијата од Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Атлетико забележа победа од 2:0 на првиот натпревар во Барселона. Барселона успеа да победи со 2:1 во реваншот, но не го надомести заостанувањето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Каталонците го обвинуваат судијата за ваквиот развој на настаните. Тие се згрозени што голманот на Атлетико остана без никаква казна откако ја собори офанзивната ѕвезда на Барса. Мусо, после успешната интервенција, со копачката го удри Лопез право в лице.
Дополнително, Турпин не досуди пенал за Барселона во еден друг клучен момент. Дани Олмо беше во налет кон голот на Атлетико. Влезе во шеснаесетникот, а таму Маркос Љоренте го турна на грбот со двете раце. Помогна и Коке, кој од предната страна се втурна во Олмо. Така удвоен, играчот на Барселона падна на теренот.
Дани Олмо беше турнат. pic.twitter.com/0zuKlGbdOr
— BARCA MEDIA (@Barca_Media_) April 14, 2026