Дома Македонски спорт Барди ни кажа како е во Валенсија, Трајковски за Мајорка: На фудбал никој не мисли, прво да останеме здрави и живи!!

Барди ни кажа како е во Валенсија, Трајковски за Мајорка: На фудбал никој не мисли, прво да останеме здрави и живи!!

По разговорот со Енис Барди кој се наоѓа во Валенсија, нашата редакција денес го контактираше и Александар Трајковски кој е во Палма Де Мајорка.

Шпанија е второ најголемо жариште на коронавирусот во Европа. Барди ни кажа како е во Валенсија, еве што вели Трајковски како е во Мајорка.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интервјуто со Барди можете да го прочитате – тука.

  • Како е да се живее во Палма Де Мајорка во овој период?

„Шпанија како што и сигурно имате информации е навистина критична…Овде во Палма интезитетот не е како во критичните градови, но не е исклучено дека и овде може да се прошири во големи размери“.

  • Какви се таму мерките за заштита донесени од државата?

„Мерките се ригорозни…Денес е 13. ден од 24. часовен картин. Дозволен е излез само до маркет и аптека“.

  • Како ја одржуваш формата?

„Нормално во овие услови тренинзи со екипата немаме. Сите имаме претходно дадена програма од клубот по која работиме дома и се трудиме колку што е можно повеќе да останеме во посакуваната форма.

  • Ги почитуваат ли Шпанците мерките?

„Јас колку што можам да видам тука во Палма луѓето се придружуваат до мерките. Можам да забележам дека полицијата е постојано тука и одлично си ја врши работата“.

  • Порака до македонските граѓани?

„Апелирам до сите во нашата држава да ја сфатат ситуацијата и да бидат одговорни бидејќи само на тој начин би искочиле како победници во оваа ситуација“.

  • Може ли да се зборува за фудбал во ваква ситуација.

„Ова се тешки моменти со кои се соочуваме сите. Верувам дека никој од нас не размислува за тоа што ќе се случува во иднина. Единствена желба е да останеме живи и здрави, а за во иднина ќе видиме времето што ќе донесе“:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…