Дома Македонски спорт Мак фудбал Барди: Најголема мотивација е тоа што играме за Македонија

Барди: Најголема мотивација е тоа што играме за Македонија

Репрезентацијата на Македонија ја очекува последниот циклус од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Прво на 16-ти (сабота) ќе играме против Австрија на гостински терен, а потоа на 19-ти во вторник дома ќе го пречекаме Израел. Пред овие натпревари Енис Барди истакна дека најголемата мотивација за сите фудбалери треба да биде што имаат прилика да играат за Македонија.

„Поголема мотивација од тоа што сме тука и што играме за Македонија нема. Професионалци сме и ќе играме за да бидеме подобри. Натпреварите кои следат ни се важни. Шанса за пласман на Европското првенство постои преку Лигата на нации. Ќе дадеме се од себе како и во секој натпревар, нашата цел е пласман на ЕП“.

„Според мене поразот во Скопје од Австрија беше еден лош ден. Сега треба да бидеме попаметени и поконцентрирани. Тешко е да се игра против Австрија, тие се физички силни, но ние имаме одлични играчи. Не победија со 4:1 во Скопје и такво нешто не направила некоја репрезентација долго време, затоа ќе бидеме дополнително мотивирани да покажеме дека можеме да се надигруваме со нив“, изјави Барди.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Русија сепак може да игра на СП во Катар, но под друго име

Светската антидопинг агенција денес објави дека фудбалската репрезентација на Русија и да …