Дома Останати Кошарка Газдата на Нотингем доби ќотек на трибини среде финале во Евролигата (Видео)

Газдата на Нотингем доби ќотек на трибини среде финале во Евролигата (Видео)

За време на натпреварот дојде до конфликт на трибините. Евангелос Маринакис, сопственикот на фудбалскиот клуб Олимпијакос, влезе во физички судир со поранешниот близок советник на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, Григориос Димитријадис.

На социјалните мрежи се појави нова снимка на која се гледа целата ситуација. Маринакис му пријде на Димитријадис, му прошепоти нешто, а потоа удри со тупаница во лице.

Следеше жесток одговор и тупаница во глава на контроверзниот бизнисмен и сопственик на Олимпијакос кој, по интервенцијата на обезбедувањето и краткиот хаос, ја напушти салата со искината маица.

На подобра снимка од видеото
се гледа јасно неочекуваниот напад на Маринакис врз Григориос Димитријадис.

Маринакис го повикува Димитријадис да му каже нешто на уво и му се нафрла кукавички и назад. Потоа @grigoris_d реагира на провокативното однесување на… pic.twitter.com/oueiom3Qui— Никос🇬🇷Сотиропулос (@NIKSOTIROPOYLOS) 25 мај 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Трагедија ја погоди Македонија: Млад тренер загина во сообраќајна несреќа!

Тренерот во младинската школа на Ангели, 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, е лицето к…