Дома Фудбал Вардар потпиша нови договори со двајца македонски репрезентативци

Вардар потпиша нови договори со двајца македонски репрезентативци

Македонскиот шампион Вардар соопшти дека ги продолжил договорите со Бобан Николов и Дарко Велковски.

„ФК Вардар ја информира јавноста дека Дарко Велковски постигна договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2027 година.

Клубот му посакува многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес.

ФК Вардар ја информира јавноста дека Бобан Николов постигна договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2029 година.

Клубот му посакува многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес“, се вели во соопштението на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот со Словенија во Љубљана

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека во продажба се пуштени билетите за…