Дома Топ вести Баерн спрема шокантна понуда за ѕвездата на Ливерпул

Баерн спрема шокантна понуда за ѕвездата на Ливерпул

Баерн Минхен има амбициозна трансфер цел за следното лето, пренесуваат медиумите на Островот.

Според „Сан“, Баварците покажуваат силен интерес за ѕвездата на Ливерпул, Роберто Фирмињо за кого се спремни да платат 75 милиони фунти.

Од „Алијанц Арена“ се убедени дека Ливерпул може да се одлучи да го продаде Фирмиња на лето, бидејќи „црвените“ спремаат трансфер на напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Раководството на Баерн Минхен спрема голема трансфер кампања ова лето, а покрај Фирмињо главна цел ќе биде и ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане.

Меѓутоа, На Баерн ќе му биде исклучително тешко да го убеди Јирген Клоп да се ослободи од 28-годишниот Бразилец, кој е клучен во неговиот тим.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи преговата со голгетерот на Лил

Раководството на Наполи е силно заинтересирано за голгетерот на Лил, Виктор Осимен, пренес…