Дома Трансфер зона Барселона и Реал испратиле понуди до Фирмињо

Барселона и Реал испратиле понуди до Фирмињо

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо на лето ќе биде слободен агент и веќе започна битката за неговиот потпис.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот на сезоната и Бразилецот донесе одлука да замине како слободен агент.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа, а понуди испратиле шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.

„Кралевите“ бараат напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема, па веруваат дека Фирмињо идеално ќе се вклопи во таа улога.

Медиумите тврдат дека двете понуди се атрактивни за Бразилецот, кој се уште не донел конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …