Дома Трансфер зона Баерн Минхен потврди уште едно засилување

Баерн Минхен потврди уште едно засилување

Баерн Минхен денес официјално го потврди трансферот на Емилијан Метју, играч за врска кој доаѓа од австрискиот Сент Полтен.

17-годишниот фудбалер веќе дебитираше за првиот тим пред еден месец против ЛАСК и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Баерн Минхен успеа да ја победи конкуренцијата и го договори неговиот трансфер, а Метју ќе се пресели во Минхен по завршувањето на сезоната и ќе потпише договор до 2025 година.

Австриецот најпрво ќе игра со младиот тим на Баварците, но медиумите пренесуваат дека станува збор за исклучителен талент и го споредуваат со Алаба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…