Дома Фудбал Германија Баерн Минхен одлучи: Еве кој ќе биде новиот капитен

Баерн Минхен одлучи: Еве кој ќе биде новиот капитен

Филип Лам замина во пензија, а капитенската лента се сели во рацете на Мануел Ноер. Искусниот голман ќе биде новиот капитен на „Баварците“.

Информацијата за навивачите на минхенскиот гигант ја потврди Карл Хајнц Румениге, извршниот директор на клубот од „Алијанц Арена“ во текот на турнејата низ Азија на германскиот шампион.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Бројот еден ќе биде број еден – Мануел Ноер. Тој е човекот кој и дава стабилност на нашата екипа, сега само ќе ја презеде капитенската лента од Филип Лам. Таа улога фантастично ја извршува во репрезентацијата, како на теренот, така и надвор од него, па логично е да биде избор и на клубот“, истакна Румениге.

На неодамнешниот Ауди Куп, капитенот на Баерн беше Томас Милер, само затоа што Мануел Ноер не бранеше за тимот на тие натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кристијано Роналдо се појави со часовник вреден над 700 000 евра

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието за време на наградите Globe…