Дома Фудбал Германија Баерн и Милан поразени, Кабак потпиша за Шалке

Баерн и Милан поразени, Кабак потпиша за Шалке

Младиот турски фудбалер Озан Кабак беше на мета на Милан и Баерн, но на крајот потпиша за Шалке.

Кабак во јануари пристигна во редовите на Штутгарт, но кога овој клуб испадна играчот одлучи да ја промени средината.

Иако повеќе клубови го посакуваа во своите редови, а беше блиску да премине на Сан Сиро, на крајот донесе одлука да го облече дресот на Шалке.

Тимот од Гелзенкирхен денеска го потврди трансферот на 19. годишниот играч кој е дете на Галатасарај, а токму од тој клуб дојде во Штутгарт. Имаше настапи за младата селекција на Турција, а сега се очекува да дебитира и за сениорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шокантни сцени на „наместен меч“: Голманот прими „колку што треба“ и си замина дома! (Видео)

Голманот на боливискиот Гуабира, Мануел Ферел, прими три гола за 39 минути и потоа побара …