
По големиот спор што се појави по дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, стигна и официјално признание дека при голот на Erлинг Халанд е направена грешка во ВАР проценката.
Pro Ref, телото задолжено за судиската анализа во англискиот фудбал, се огласи по повод спорната ситуација од 60. минута на натпреварот на Олд Трафорд.
Тогаш Халанд постигна гол кој во крајна линија беше признат, иако во истата акција се постави прашањето дали Енцо Фернандез влијаеше на играта од недозволена позиција.
Во официјалното објаснување од Pro Ref се наведува дека првичната одлука на судијата на теренот беше офсајд против Халанд, но дека по проверката на ВАР е утврдено дека напаѓачот на Манчестер Сити сепак се наоѓаше во дозволена позиција.
Сепак, проблемот се појави во продолжението на акцијата.
“Во истата акција е утврдено дека Енцо Фернандез не играше со топката и затоа секоја одлука за офсајд е субјективна.
Но, во оваа прилика, ВАР не го препозна потенцијалното влијание на неговата позиција и требаше да му препорача на судијата да ја прегледа ситуацијата на терен”, наведоа од Pro Ref.
Халанд му ја донесе победата на Ман Сити во дербито, но асоцијацијата на судии подоцна призна дека требаше да биде поништен поради офсајд на Енцо и се извини на Ман Јунајтед. pic.twitter.com/kn6Xsfcw3P— B24 (@B24PT) 13 септември, 2026