Дома Фудбал Флик е задоволен: Зошто Барса оваа сезона е уште посилна од претходно?

Флик е задоволен: Зошто Барса оваа сезона е уште посилна од претходно?

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази задоволство од формата на неговиот тим на почетокот на сезоната.

Барселона започна силно, забележа пет победи во Ла Лига и во Лигата на шампионите, а веќе постигна и 22 гола во сите натпреварувања.

Иако тимот го напуштија напаѓачите Роберт Левандовски, Феран Торес и Маркус Рашфорд, екипата во последната третина е некако пофлуидна, непредвидлива и удира противниците од сите страни. 

„И повеќе сме од задоволни начинот на игра досега. Меѓутоа, мора да продолжиме да играме така на секој натпревар. Кога сме фокусирани, играме со потребниот интензитет. Засега сè функционира совршено, но ако го спуштиме гардот само за 10%, нема да биде добро. Затоа секогаш мораме да бидеме потполно фокусирани. Сакаме постојано да напредуваме, како играчи, така и ние во стручниот штаб. Гладни сме за успех и трофеи и тоа е клучно. За мене ова е вистинскиот начин на играње фудбал. Се разбира, работите можат да се сменат во стоти дел од секундата, но ако го смениме нашиот пристап и менталитет, ќе тргнеме во погрешна насока“, рече Флик.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем удар за Атлетико Мадрид – причината е Хулијан Алварез!

Диего Симеоне се соочи со нов голем проблем пред важниот натпревар што Атлетико Мадрид го …