Дома Фудбал Германија Шалке го нема, но ЛШ наредната сезона ќе се игра и во Гелзенкирхен

Шалке го нема, но ЛШ наредната сезона ќе се игра и во Гелзенкирхен

Украинскиот фудбалски шампион Шахтјор Доњецк oваа сезона натпревари во Лигата на шампионите на домашен терен ќе ги игра натпревари во Гелзенкирхен на стадионот на Шалке, потврдија двата клуба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шахтјор ќе одигра четири натпревари на стадионот со 62.000 седишта во Гелзенкирхен, а Шалке кој игра во втората Бундеслига објави дека договорот важи и за евентуалните натпревари во нокаут фазата.

Украинскиот клуб не може да игра натпревари во Украина поради војната со Русија која започна во февруари 2022 година. Во својот Доњецк нема играно 10 години.

Минатата сезона Шахтјор играше како домаќин во Хамбург, а лани во Варшава.

На стадионот во Гелзенкирхен се одиграа четири натпревари од тековното Европско првенство и во неделата Англија во осминафиналето ја победи Словачка со 2:1 во последниот натпревар на овој стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Селекторот на Хрватска за Мундијалот не повика напаѓач кој даде 38 гола

Хрватскиот селектор Златко Далиќ денеска го објави списокот на повикани репрезентативци за…