Германскиот второлигаш Шалке минува низ веројатно најтешките денови во својата богата историја. На Шалке не му оди и му се заканува испаѓање во третата лига бидејќи во овој момент само поради гол-разликата е над опасната зона.
Освен тоа ниту финансиската ситуација во клубот не е добра, а тоа се препишува на лошото работење на управата која во изминатите години пушти многу фудбалери да си заминат без оштета. Помеѓу фудбалерите кои бесплатно го напуштија Шалке се: Ноер, Матип, Горецка…
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германските медиуми пренесуваат дека Шалке тешко би го преживеал евентуалното испаѓање во третата лига, а се претпоставува дека фудбалерите имаат клазули во договорите бесплатно да заминат ако тоа се случи.
Таквото сценарио би можело да доведе до потешкотии за добивањето на лицеца за настап во третото по ранг натпреварување, па клубот автоматски би бил исфрлен во четвртата лига која се игра во регионален сисистем и е полуаматерска.
Ќе потсетиме, неодамна македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов се врати во Шалке по неуспешната епизода во англиски Барнли.