Maкедонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во Шалке каде што ќе настапува како позајмен фудбалер од Барнли до крајот на сезоната 2023/2024.
Чурлинов не се снајде во Англија, но причина и сега ќе се обиде да ја врати формата во Гелзенкирхен каде што претходно играше одлично.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Дарко е играч токму каков што сакаме да доведеме. Не сум видел некој играч да е толку мотивиран и подготвен за еден предизвик како што е тој во овој момент“, изјави спортскиот директор на германскиот тим, Марк Вилмотс.
Ниту Чурлинов не го криеше задоволството што се враќа во Шалке.
„Среќен сум што се враќам. Цело време бев во контакт со клубот и навивачите, сакам да се оддолжам за вербата која ја имаат во мене, секако по можност со голови, асистенции и победи“, изјави Чурлинов.
Македонскиот фудбалер претходно во Шалке ја помина сезоната 2021/2022.