
Баерн Минхен денес го прславува својот 118-ти роденден.
Имено, германскиот великан специјално го декорираше својот дом, односно „Алијанц Арена“.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
До полноќ стадионот ќе биде осветлен во боите на баварскиот клуб, односно светло црвени и бело сини дијаманти.
Раководството на Баварците на овој начин одлучи да изрази честитка до сите фанови, и тоа не само во Германија туку низ целиот свет.
За таа цел, секој кој ќе сака да се запознае со овој украс на стадионот, ќе може да го стори тоа преку веб камерата на „Алијанц Арената“.