Дома Фудбал Останато Ајакс победи 13:0, а статистиката на Траоре беше неверојатна, ваква оценка не добил никој!

Ајакс победи 13:0, а статистиката на Траоре беше неверојатна, ваква оценка не добил никој!

Aјакс во саботата направи неверојатен подвиг победувајќи го Венло со 13:0 и тоа на гостински терен.

Овој триумф е рекорден во холандската Ередивизија и сигурно една од најголемите победи во историјата на холандскиот фудбал.

Навистина на никого не му е јасно како гостите од Амстердам без оглед на квалитетот кој го поседуваат успеаа толку да го понижат ривалот.

Посебно во победата на Ајакс се истакна Ласина Траоре кој постигна пет голови и подели три асистенции во високата победа.

Специјализираната страна за оценување на настапите на фудбалерите објави дека на основа на учинокот од мечот со Венло Траоре требало да добие оценка од 15.08!

Сепак, јасно е дека најголемата оценка е 10, па Траоре на крајот морал да се задоволи „само“ со десетка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хименез со прва порака: Се надевам дека ќе се вратам брзо

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, на мечот против Арснеал се здоби со фрактура на …