Раководството на Ајакс го известило својот поранешен тренер Ерик тен Хаг дека ќе може да привлече само еден играч во Манчестер Јунајтед.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако беа одбиени од Јуриен Тимбер, „црвените ѓаволи“ се свртеа кон неговиот партнер во одбраната, Лисандро Мартинез.
Освен Аргентинецот Тен Хаг, го сака и десното и крилниот напаѓач Ентони. Меѓутоа, холандскиот клуб не сака да ги продаде двајцата ова лето и му порачале на Јунајтед да се одлучи за еден играч.
Ајакс веќе се раздели со Рајан Гравенберг и Нусаир Мазрави, кои се преселија во Баерн Минхен, а напаѓачот Себастијан Алер беше продаден на Борусија Дортмунд.
Холандскиот клуб не сака целосно да го распродаде шампионскиот тим и затоа е спремен само на уште еден трансфер ова лето.