Дома Топ вести „АС“ тврди: Готово е – Димитриевски има нов клуб!

„АС“ тврди: Готово е – Димитриевски има нов клуб!

Aко се верува на шпанскиот реномиран весник „АС“, Столе Димитриевски веќе има нов клуб. Наводно, македонскиот репрезентативен голман веќе се договорил и потпишал преддоговор со екипата на Валенсија.

Според информациите на „АС“ Димитриевски дефинитивно се сели во Валенсија која планира да го продаде Мамардашвили за 30 милиони евра и да го доведе Димитриевски по истекот на договорот без оштета.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Трансферот би бил официјализиран по завршувањето на сезоната, односно по истекот на договорот кој на Димитриевски со Рајо.

Претходно од Шпанија Димитриевски се поврзуваше со Севиља, Виљареал Бетис, а во минатото беше блиску и до потпис со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…