Италијанскиот стратег Карло Анчелоти секогаш знае да ги насмее новинарите со своите изјави.
Овој пат менаџерот на Евертон кратко зборуваше за трансферот на градскиот ривал на „карамелите“, Ливерпул кој го доведе Тијаго Алкантара.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ми го скрши срцето. Тијаго ми е пријател. Станува збор за фантастичен човек и одличен играч, имав среќа да го тренирам. Тој е еден од оние играчи за кои сте горди што сте им биле тренер. Единствената добра работа во сето ова е што ми е сосед, но мислам дека избра погрешен тим. Требаше да го избере синиот дел, а не црвениот. Се шегувам. Мојот пријател Клоп сигурно е среќен поради него“, изјави Анчелоти.
Ќе потсетиме Евертон денес во второто коло од Премиер лигата ја запиша втората победа откако со 5:2 славеше против ВБА. Претходно тие го победија Евертон минимално со 0:1.