Дома Фудбал Анчелоти бил иницијатор да се бојкотира „Златната топка“

Анчелоти бил иницијатор да се бојкотира „Златната топка“

Доделувањето на „Златна топка“ помина во сенка на бојкотот на Реал Мадрид кој реши да ја бојкотира церемонијата поради тоа што освојувач на признанието не беше Винисиус Јуниор.

Во клубот тоа го дознаа на денот на доделувањето на наградата на „Франс Фудбал“ и неколку часа пред церемонијата одлучија дека никој од клубот нема да присуствува на гала вечерта во Париз.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал не беше задоволен иако Карло Анчелоти на таа церемонија беше прогласен за тренер на сезоната додека Килијан Мбапе требаше со Хари Кејн да го подели Трофејот „Герд Милер“ за играчот кој постигнал најмногу голови минатата сезона.

Иако се шпекулираше дека тоа било наредба на претседателот Флорентино Перез, сепак зад одлуката на стои тренерот Карло Анчелоти, пренесуваат шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…