Дома Останати Кошарка Антиќ „мува не го лази“: Си гласаше во Србија и му честиташе на Вучиќ

Антиќ „мува не го лази“: Си гласаше во Србија и му честиташе на Вучиќ

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ откако претходно беше еден од најгласните во кампањата на српскиот претседател Александар Вучиќ, вчера и гласаше на изборите во Србија.

Антиќ се пофали на социјалните мрежи со гласот за Вучиќ кој повторно ја доби довербата од српските граѓани.

Првиот човек на федерацијата претходно беше жестоко критикуван од јавноста, а освен тоа Антиќ и го прекршува статутото на КФМ За директно политичко инволвирање. Сепак, според големиот број објави кои ги имаше на социјалните мрежи во изминатиот период за изборите, тоа и не му пречеше премногу.

Антиќ по победата објави и фотографија со која му ја честиташе победата на Вучиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…