Вечерва во Скопје ќе се сретнат репрезентациите на Македонија и Англија, но интересен настан во организацијата на ФК Слободен се случи вчера на игралиштето во скопско Петровец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, фудбалерите на ФК Слободен играа натпревар против англиските навивачи кои допатуваа во Скопје и како што може да се забележи од фотографиите објавени на социјалните мрежи се поминало во најдобра и пријателска атмосфера.
Резултатот секако бил во втор план на еден ваков настан кој секако е вреден за обележување.