Дома Фудбал Прашање што ги мачи Бразилците: Зошто Винисиус не го шутираше пеналот? (Видео)

Прашање што ги мачи Бразилците: Зошто Винисиус не го шутираше пеналот? (Видео)

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, се нашол под критики откако му дозволил на Бруно Гимараеш да го изведе пеналот наместо Винисиус Жуниор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразил беше поразен од Норвешка во осмина финалето на Светското првенство и повторно заврши прерано во натпреварувањето, ако се знае со какви амбиции замина таму.

Можеби целата игра можеше да има поинаков тек, ако Бразил поведе во првото полувреме кога Матеус Куња избори пенал.

Топката на белата точка ја постави Бруно Гимараеш, но лошо го изведе пеналот и Ниланд му го одбрани ударот.

Пред него топката ја презеде веднаш Винисиус Жуниор, меѓутоа, стигнала инструкција од клупата дека пеналот ќе го изведе врскиот играч на Њукасл.

Карло Анчелоти ја објасни својата одлука.

Одлуката Бруно Гимараеш да го изведе пеналот беше донесена пред натпреварот. Промашувањето на пенали се случува во фудбалот, и денес тоа ни се случи нам“, рече искусниот стратег и додаде:

„Рафиња е нашиот најдобар играч според бројките. Од играчите кои беа на теренот во тој момент, најдобро рангирани беа Нејмар, Игор Тиаго, Бруно Гимараеш и Габриел Мартинели.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го обвини Анчелоти за елиминацијата: Направи многу грешки…

Бразилските надежи за Светското првенство завршија во осминафиналето, откако беа поразени …