Дома Фудбал Голман на Пелистер се пресели во Струга

Голман на Пелистер се пресели во Струга

Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на актуелниот освојувач на Купот е голманот Андреј Јовчевски.

Дваесет и двегодишниот чувар на мрежата пристигнува од Пелистер, клуб во кој ја мина целата досегашна кариера. По 56 настапи за сениорскиот тим на битолчани, Јовчевски се реши за нов предизвик и потпиша тригодишен договор со стружани.

Од клубот посочуваат дека младиот голман бил следен и од екипи од Албанија, Хрватска, Унгарија и Романија, но на крајот одлучил кариерата да ја продолжи во Струга.

Со неговото доаѓање, конкуренцијата меѓу стативите ќе биде уште поголема, бидејќи Јовчевски ќе се бори за местото прв голман со Васко Василев и Марко Анџелети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…