Денес селекторот игор Ангеловски го објави списокот за двата квалификациски натпревари за ЕП2020 кои ги играме на 7-ми и 10-ти јуни против Полска и Австрија .
На списокот нема изненадувања и се најдоа 23 играчи кои две години се дел од македонската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако се повредени на списокот се најдоа Илија Несторовски, Александар Трајковски и Егзијан Алиоски, а дали ќе играат останува да видиме. Треба да се спомене и дека не е сигурно дали ќе може да игра и Дарко Велковски кој ја пропушти завршницата од сезоната во Риејка поради повреда на мускулот.
На списокот не се најдоа повредените Спировски и Тричковски.
Како повратник во репрезентација е Марјан Радески.
Ќе потсетиме Македонија после две одиграни кола има четири освоени бодови во групата.