Дома Фудбал Лига на шампиони Анализа и предлог типови: Финале пред финале!

Анализа и предлог типови: Финале пред финале!

Од сите ¼ финални дуели во ЛШ најмногу внимание привлекува дуелот помеѓу Барселона и Баерн. Многу љубители на фудбалот овој дуел го прогласуваат за финале пред финалето. Мечот е закажан за вечер во 21:00.

Барселона: Европскиот трон ќе ги утеши Каталонците

Сигурно е дека чудно звучи фактот дека барса нема ниту еден трофеј во оваа сезона, но се уште имаат шанса. Пред прекинот, Барса играше добро и навидум изгледаше дека претстои уште една бериќетна година, меѓутоа после паузата се променија работите. Имено, Каталонците останаа без титула во Ла Лига поради неверојатната серија на Реал Мадрид. Во рамките на ЛШ продолжија против Наполи каде што беа убедливи во реванш натпреварот и без проблем успеаа да стигнат до ¼ финалето. Барса реално има кадар да ја елиминира баварската машинерија, а што се однесува до комплетноста на составот освен Умтити нема некој значаен изостанок.

Баерн Минхен: Дали 2020 година ќе биде најупешна во историјата на Баерн?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварците влеваат „страв“ не само на германските екипи, туку и ширум Европа. Баерн имаше неверојатна серија од победи во 2020 година. Само на еден натпревар не победија и тоа против Лајпциг, додека сите останати ривали ги победија. Искрено, Баерн Минхен има екстра квалитетен тим, а тука е главната алка Левандовски кој буквално прави чуда оваа сезона. Сега Германците имаат еден тежок испит наречен Барселона. Тимот им е комплетен, освен што ќе недостига левиот бек и светскиот првак Бенџамин Бавар што може да биде сериозен хендикеп.

Наш предлог

Обложувалниците го фаворизираат Баерн, но ние не се сложуваме со тоа. Очекуваме еден интересен и незивесен натпревар, па како прв предлог ви нудиме да испробате ГГ3+ со квота 1.80 во 22Bet, а похрабрите може да испробаат со Барса да се квалификува за што ќе си добијат квота 2.40 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…