Вечер во 21:00 започнува 13-то коло од шпанската Ла Лига, а почетокот на тоа коло ќе го означи дуелот помеѓу Реал Сосиедад и Леганес.
Реал Сосиедад: Најпријатното изненадување на шампионатот!
И минатата сезона фудбалерите на Сосиедад прикажуваа доста добри партии иако е интересно дека многу подобро играа на гостински терен отколку на домашен. Кога е во прашање овој шампионат, слободно може да кажеме дека фудбалерите на Сосиедад се најрпијатното изненадување досега. Имено, клубот од Сан Себастијан после 12 изиграни кола е на делба на првата позиција со Барселона и Реал, а тоа е феноменален податок. Во минатото коло изиграа фантастичен натпревар на гости и славеа против Гранада, а треба да се напомене дека до триумф стигнаа во последните моменти од дуелот.
Леганес: Најсериозниот кандидат за елиминација од лигата
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако за некоја екипа може да кажеме дека најмалку покажа во овој шампионат, секако дека тоа е Леганес. Имено, оваа екипа после 12 изиграни кола се наоѓа на последното место на табелата со само пет освоени бода, а тоа под секое ниво кога се во прашање амбиците на оваа екипа. Не може да кажеме дека Леганес игра толку лошо колку што во некои натпревари немаа ни среќа. Поразувачки е фактот дека Леганес на досегашните 12 натпревари има постигнато само шест гола, а тоа доволно зборува дека оваа екипа има проблем со реализацијата.
Наш предлог:
Кога се ќе се собере и одземе, треба да бидеме реални и да признаеме дека Реал Сосиедад е голем фаворит на овој дуел. Како прв предлог ни е 1 со квота 1.67 во 1xBet, а похрабрите ги советуваме да испробаат со 1&3+ со квота 2.97 во истата обложувалница.
Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk