Дома Останати Кошарка Американец е ново засилување за МЗТ Скопје

Американец е ново засилување за МЗТ Скопје

Американскиот кошаркар Џон Гилон (29 год, 183 см.) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со македонскиот шампион со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за искусен кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој треба да ја пополни празнината по прекинот на соработката на Седрик Расел. Во МЗТ тој доаѓа од Литванија, каде што настапуваше за прволигашот Пиено, а претходно играше за турска Дарушафака, унгарскиот тим Алба Фехервар и за две екипи од Тајван.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во периодот помеѓу 2017 и 2019 година беше дел од три екипи од развојната Џи лига, а универзитетската кариера ја мина на три колеџи и тоа настапувајќи за Литл Рок, Колорадо стејт и за Сиракјуз.

Гилон се очекува неделава да пристигне во Скопје, каде што ќе има доволно време за аклиматизација со оглед на паузата во првенството. Неговото деби се очекува на средбата против Феникс закажана за 3 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еуфорија во Белград: Навивачите на Партизан до доцна во ноќта ја славеа победата над Звезда 🎥

Кошаркарите на Партизан вчера славеа важна победа против Црвена Звезда во Еввролигата во р…