Дома Трансфер зона Ал-Наср преговара со Азар

Ал-Наср преговара со Азар


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



После привлекувањето на Кристиано Роналдо, Ал-Наср спрема уште еден сензационален трансфер.

Саудискиот клуб е во потрага по нови големи ѕвезди, а прво име на списокот е Еден Азар од Реал Мадрид.

Азар и оваа сезона не добива голема минутажа и главно е на клупата за резерви, а Реал сака што побрзо да се ослободи од него.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ал-Наср спрема понуда за Белгиецот која нема да може да ја одбие.

32-годишниот офанзивен фудбалер нема понуди од други големи клубови ширум Европа, па е спремен да му се придружи на Роналдо.

Саудискиот клуб почнал преговори со неговиот агент, а Роналдо може да одигра клучна улога во трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Жоржињо е нов играч на Арсенал

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Арсенал го потврди трансферот на Жоржињо, ко…