Реал Мадрид сака ова лето да се ослободи од Еден Азар, но Белгиецот категорично одбива да го напушти клубот, пренесува „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти и во интерес на сите е да си замине, бидејќи се покажа како најголемо промашување во историјата.
Меѓутоа, фудбалерот нема немера да замине од Мадрид и планира во целост да го одработи договорот со трајност од јуни 2024.
Неодамна пристигнала понуда за него од Монтреал Инпакт, но Азар категорично ја одбил и му потврдил на клубот дека сака да остане.
Реал му понудил и слободен раскин на договорот, но Белгиецот сака да остане бидејќи е еден од најплатените фудбалери во тимот.