Шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Хилал откако не успеа да го доведе Лионел Меси, сега ќе се насочи кон Садио Мане.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ал-Хилал сака да доведе најмалку една голема ѕвезда и нема да жали пари за Сенегалецот.
Мане беше големото засилување на Баерн пред почетокот на сезоната, но напаѓачот не ги оправда очекувањта, па неговата авантура во Минхен ќе трае кратко.
Тој сигурно ќе го напушти Баерн ова лето и има понуди од Премиер лигата, но Ал-Хилал сака да го убеди со богата понуда да се пресели во Саудиска Арабија.
Саудискиот клуб ќе се обиде да го доведе и Еден Азар, кој исто така е на излезна врата од Реал Мадрид.