Дома Фудбал Останато Ал Келаифи му одговори на Тебас: Кој е тој?! Нека си ја гледа Ла Лига затоа што лигата yмира…

Ал Келаифи му одговори на Тебас: Кој е тој?! Нека си ја гледа Ла Лига затоа што лигата yмира…

Претседателот на ПСЖ Насер Ал Келаифи даде големо интервју за најчитаниот спортски медиум во Шпанија, „Марка“. Во него зборуваше за бројни теми поврзани со ПСЖ.

Во еден дел тема беше Хавиер Тебас и тужбата која ја најави првиот човек на Ла Лига кон ПСЖ поради трошењето големи суми. Новинарот го запраша Ал Келаифи дали е загрижен.

„Кој е Тебас? Не го познавам. Ние не се интересираме што прават другите клубови, лиги или сојузи. Тоа не е наш стил. Не ме интересира што некој зборува, вистина е дека за нас се зборува така со години. Имаме фудбалски проект кој го градиме и кој мора да расте. Не се грижиме затоа што немаме време за губење на такви работи“, изјави Келаифи.

Може ли останувањето на Мбапе да донесе проблеми за ПСЖ со финансискиот фер-плеј.

„Секоја година истото се зборува, цело време се тврди дека ен го почитуваме. Знаеме што смееме и до каде ни се границите. Запознаени сме со ситуацијата подобро од оние што ни делат совети. Се зборуваше дека фиансиски е невозможно да го доведеме Меси, а ние на него заработивме. Тебас нема поим, треба да си ја гледа Ла Лига затоа што таа yмира“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Суарез со искрен совет до Нуњес: Послушај идиот кој правеше глупости и не поминуваше добро

Дарвин Нуњес ги разочара навивачите на Ливерпул со црвениот картон против Кристал Палас во…