Дома Останати Авто Мото Алонсо: Ќе се вратам само ако имам шанса за титулата

Алонсо: Ќе се вратам само ако имам шанса за титулата

0

Фернандо Алонсо ја остави можноста да се врати во Формула 1.

Овој возач претходната сезона ја извози својата последна трка, после која и официјално замина во пензија.

Меѓутоа, поминаа осум месеци а Алонсо веќе го промени мислењето. Во разговор за тамошните медиуми истакна дека размислува за враќање на стазите.

„Отворен сум за интересни понуди во иднина, ако одлучам да се вратам во Формула 1 тоа ќе биде само доколку имам реални шанси за титулата. Не сум заинтересиран за проекти кои тргнуваат од нула, сакам веднаш победнички болид и ако таквите услови се исполната не се сомневам дека ќе се вратам на стазата.“ – изјави Алонсо и додаде:

„Тоа што имам 37 години не претставува голем проблем, телото најдобро реагира помеѓу 25 и 30 години. Меѓутоа, мојата предност е што имам доволно искуство.“

Шпанецот два пати успеа да ја освои титулата во Формула 1, 2005 и 2006 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Еден-два победа на Ферари во Сингапур

Себастијан Фетел конечно победи, а Ферари стигна до голем триумф на ноќната трка во Сингап…