
Двократниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен е подготвен да се раздели со младиот напаѓач Ибрахим Мбаје, кон кого има интерес од тимови од Премиер лигата, но му постави цена од 70 милиони евра, тврди радио “Монте Карло”.
Сенегалскиот напаѓач е трансферна цел на Ливерпул, но “црвените” се подготвени да платат 50 милиони за 18-годишниот талент.
Ибрахим Мбаје има договор со ПСЖ за уште две години, но францускиот шампион е подготвен да му дозволи да направи излезен трансфер. Клубот од француската престолнина сепак нема да се откаже од своите финансиски барања за продажба на Мбаје, кој има репутација како еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.