Дома Трансфер зона Алегри потврди дека Рамзи заминува

Алегри потврди дека Рамзи заминува

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри потврди дека Арон Рамзи повеќе не е дел од тимот и дека ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Веќе подолго време се шпекулира со заминување на Велшанецот кој не е во плановите на тренерот Алегри.

Рамзи е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Јувентус сака да се ослободи од него што е можно побрзо.

„Арон не е со тимот, тој ќе замине од клубот“, потврди Алегри.

Не е познато каде Рамзи ќе ја продолжи кариерата, но готово сигурно ќе се врати во Премиер лигата каде неколку клуба покажуваат интерес за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Јонг го одбил Манчестер Јунајтед – сака да игра во Лигата на шампионите

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пред себе ма тешка задача да го врати ти…