
Иднината на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, е веќе утврдена. Холандската ѕвезда ја продолжи својата соработка со тимот на Ред Бул, заостанувајќи со нив до крајот на 2030 година.
Ред Бул официјално ја потврди оваа вест во четврток наутро, со што згаснаа долгите шпекулации околу иднината на еден од најдобрите возачи денес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Со задоволство објавуваме дека Макс го продолжи договорот со тимот до крајот на 2030 година,” соопштија од Ред Бул.
Лорант Мекиес, шефот на Ред Бул, не го сокри своето задоволство поради продолжувањето на соработката со Верстапен.
“Фактот што Макс останува со нас и што можеме да го задржиме најдобриот возач на патеката е фантастична вест за сите кај Ред Бул, Орекл Ред Бул Рејсинг, како и за Формула 1 и моторспортот во целина”, истакна Мекиес.
Верстапен, исто така, објасни колку му значи продолжувањето со тимот со кој ги постигна најголемите успеси во својата кариера.
“Навистина сум среќен поради продолжувањето на договорот. Имаме најдобри луѓе и со нетрпение го очекувам продолжувањето на соработката со сите за да се вратиме на врвот. Тоа останува нашата крајна цел и кон неа ќе продолжиме да тежнееме”, изјави Верстапен.
Холанѓанецот изрази благодарност кон Ред Бул, Мекиес и целиот тим за укажаната доверба. Посебно нагласи дека Ред Бул за него претставува многу повеќе од обичен тим.
“Тимот отсекогаш ми бил како втора фамилија, и тука се чувствувам како дома. Им се придружив со надеж да победувам во трки. Она што потоа го постигнавме заедно беше едноставно фантастично”, кажа четирикратниот светски шампион.
Со Ред Бул тој досега освои четири титули светски шампион, и токму затоа продолжувањето на соработката има посебно значење.
“Доживеавме многу неверојатни моменти и освоивме четири светски шампионати. Да продолжи ова патување со истиот тим со кој сум од почетокот на кариерата е навистина посебно и нешто што отсекогаш сум го посакувал”, заклучи Верстапен.
Со ова, една од најголемите приказни на сезоната на Формула 1 доби свој епилог, Верстапен продолжува со Ред Бул барем до крајот на 2030 година.