
Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓
Утре на програмата во Серија А е големото дерби помеѓу Наполи и Јувентус, кое може да го одреди понатамошниот тек на сезоната.
Тренерот на Јувентус, Макс Алегри смета дека овој меч нема да биде одлучувачки во битката за титулата, но е многу поважен за Наполи отколку за неговиот тим.
„Ова не е решавачки меч, но ќе биде многу важен за нив. Наполи е фаворит за титулата, имаат 44 бода и до сега допуштија само еден пораз. Спалети е одличен тренер и сигурно ќе сака да му донесе титула на Наполи, па овој меч ќе биде многу важен за нив“, изјави Алегри.
Тренерот потврди дека Квадрадо, Влаховиќ, Бонучи како и Погба сигурно ќе го пропуштат дербито со Наполи.