Дома Фудбал Италија Алегри: Бонучи ако сака капитенска трака нека си купи и нека ја носи на улица

Алегри: Бонучи ако сака капитенска трака нека си купи и нека ја носи на улица

Старо- новиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри денес јасно му порача на Леонардо Бонучи да не се надева на капитенската трака.

Алегри и Бонучи немаа најдобар однос во првиот мандат на тренерот во Торино, а искусниот стопер тогаш се пресели во Милан, а потоа се врати назад.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Алегри денес изјави дека капитени се фудбалерите со најдолг стаж во Јувентус, а Бонучи кога заминал во Милан ги „фрлил во вода претходните години“.

„Ако сака Бонучи да ја носи капитенската лента, нека си ја купи и нека ја носи на рака додека се шета на улица. Капитените се бираат на основа на времето минато во клубот. Киелини е прв, потоа Дибала. Бонучи замина и падна во хиреархијата“, јасен беше Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез за Барса: Како можеме да го заборавиме најголемиот скандал во историјата?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одржа говор на традиционалната божиќна цер…