Дома Македонски спорт Мак фудбал Академија Пандев – синоним за успех, посветеност и визија за иднината

Академија Пандев – синоним за успех, посветеност и визија за иднината

Паралелно со најголемиот успех на клубот, пласманот во Првата македонска фудбалска лига по само седум години постоење, Академија Пандев одвојува големо внимание на своите млади таленти.

Клубот, а особено младинската школа, може да се пофали со голем број талентирани фудбалери, а наскоро ќе добие и на масовност со отворање свои филијали во други градови низ Македонија.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Идејата е во блиска иднина школата да се рашири и во други фудбалски центри низ Македонија по примерот на големите европски клубови. Сите би биле под унифицирана програма, исти услови и со исти права и обврски. Во делот на менаџерскиот кадар се ангажираат Влатко Неделковски и Дарко Костовски, кои се технички директори одговорни за организација. Во подготовка се многу нови работи кои ќе бидат објавени кон крајот на мај или почетокот на јуни. Накратко, за Академија Пандев следува мошне интересен период исполнет со активности на секаков план”, изјави спортскиот директор на Академија Пандев, Југослав Тренчевски.

За сериозноста на проектот на Академија Пандев најдобро зборуваат успесите на младинската школа, како оваа сезона, така и претходните. Само како пример, оваа натпреварувачка сезона, три младински екипи обезбедија пласман во финалните натпревари од Купот на Македонија, а и во периодот што претстои акцентот ќе остане врз создавањето млади фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…