Дома Трансфер зона Азар ја користи тактиката на Роналдо за да изнуди трансфер

Азар ја користи тактиката на Роналдо за да изнуди трансфер

Еден Азар одигра фантастично на Мундијалот, а добрата форма ја пренесе и во првенството, па оваа сезона блеска во дресот на Челзи.

Поради тоа логично е што е примарна трансфер цел на Реал Мадрид, а во неколку наврати и самиот Азар флертуваше со „кралскиот“ клуб.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Неодамна Азар повторно изјави дека негов сон е да игра за Реал Мадрид, а Челзи иако сака да го задржи проблем е неговиот договор. Белгиецит се уште не ставил потпис на нов договор, а на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Челзи ќе биде ставен пред свршен чин, а медиумите на Островот тврдат дека неговиот трансфер во Реал Мадрид е само прашање на време.

Англиските медиуми притоа потсетуваат дека Кристиано Роналдо ги користел истите методи додека играше за Манчестер Јунајтед за да исфорсира трансфер во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…